Во април решени 164 проблеми на граѓаните преку „Систем 48“
Во текот на месец април до општинскиот сервис „Систем 48“, биле евидентирани 183 пријави од граѓаните за проблеми од повеќе области. Од
нив решени се 164, а останатите 19 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“, односно, 95 се од областа на уличното осветлување, 41 од областа на собирање смет, 8 од водовод и канализација и исто толку од паркови и зеленило.
Од „Систем 48“ им се заблагодаруваат на граѓаните за довербата и апелираат за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може општинските служби навремено да интервенираат и истите да ги решаваат во определениот рок од 48 часа.