Стара Нама,пример на богатата архитектурата во Струмица од почетокот на 20 век
Струмица во почетокот на 20 век,поточно помеѓу првта и втората балканска војна била запалена и разрушена.Во овој период вкупно 1900 приватни и стопански објекти се разрушени.После ослободувањето започнува новата изградба на Струмица.Токму од овој период е и хотелот Српски Крал,граден во периодот од 1926-1928 година.Со својата положба и архитектура завзема доминатно место во рамкие на амбиенталната целина во градското јадро.
Овој хотел го изградил Илија Кацарски од Босилово.
Каректеристично за овој објект е што е изграден со материјали исклучиво од подрачјето на Струмица.Просторно е решен со приземје,кат и поткровни простори.Приземниот дел бил опремен за градска кафеана,додека просториите на катовите како хотелски апартмани.Фасадата е богато декорирана со флорална која се среќава околу прозорците.Денеска е комерцијален објект кој го зачувал оригиналниот изглед и е сведок на богатата стара струмичка архитектура