Градежните активности во Сушево во напредна фаза
Вчера градоначалникот на општина Василево, господинот Ванчо Стојанов, беше во посета на Сушево каде се одвиваат низа градежни активности.
„Денес сме во посета на градежните активности во населеното место Сушево каде се работат повеќе проекти паралелно. Она што сакам да го нагласам е дека пред извесно време започнаа и градежните активности за изградба на улицата покрај поројот во должина од околу 1 200 метри и пешачка бехатонска патека со ширина од 1,3 метри која ќе биде по целата должина на улицата и ќе биде осветлена“ изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов при неговата денешна посета на с. Сушево односно посетата на трасата на која паралелно се работи на изградба на поројот и улицата.
„Она што е битно и што сакам да го потенцирам е дека освен овие два проекти кои во моментот се одвиваат, по завршувањето на парламентарните избори ќе отпочне и постапката за јавна набавка за изградбана мост на речното корито со што целиот овој проект ќе биде заокружен, нагласи градоначалникот Стојанов кој смета дека со завршувањето на сите започнати и планирани активности не само што ќе се измени ликот на населеното место Сушево туку ќе се реши и повеќедеценискиот проблем што го имаат жителите на Сушево а тоа е поплавувањето на ова населено место при сите поголеми врнежи.
Комплетното завршување на сите тековни и планирани проекти треба да заврши до средината на септември, односно до Мала Богородица, празникот на ова населено место.
Вкупниот буџет за реализација на сите три проекти е околу 600 000 евра и истите се обесбедени од од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 год.
За периодот што следува градоначалникот најави и реконструкција на влезната улица во с. Сушево за која во тек е постапката за избор на изведувач за изготвување на техничка документација за реконструкција на целиот пат за Сушево од магистралниот М-6 до центарот на с.Сушево, за како што рече тој, ова населено место да ги добие сите потребни услови.