Свикана 39-та седница на Советот на општина Струмица
Во вторник, 26.04 .2016 во Домот на АРМ во Струмица ќе се одржи 39-та седница на Советот на општина Струмица. Седницата ќе започне во 11 часот.
На дневниот ред се следниве точки за расправа…
Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2015 година;
Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на Општина Струмица за 2015 година;
Извештај за реализација на Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2015 година;
Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2015 година;
Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2015 година;
Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2015 година;
Извештај за реализација на Програмата на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2015 година;
Извештај за реализација на Програмата за одржување на улиците во град Струмица, како и локалните патишта во Општина Струмица за 2015/2016 година во зимски услови;
Предлог – Програма за измена на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Oпштина Струмица за 2016 година;
Предлог – Програма за поставување урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2016 година;