Вечерва промена на временските услови, пад на температурата и силен ветер

Нагла промена на временските услови со силен студен ветар и пад на температурите до 10 сетепени Целзиусови, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, за ноќва. Почнувајќи од вторник во ноќните часови, поради спуштање на постудена воздушна маса од север, ќе почне да дува засилен, а на моменти и силен северен ветар со брзина и над 80 км/ч, особено во Повардарието. Ветрот ќе дува и во среда во текот на целиот ден, што ќе услови значително опаѓање на дневните температури за околу 10 степени Целзиусови, во однос на оние од вторник, така што температурата ќе достигне од 15 до 23 степени Целзиусови.

Напишете коментар