„ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО СФЕРАТА НА КУЛТУРАТА„
Денеска во просториите на Центарот на Заедниците се одржа тибина на тема ,,Граѓанско учество за локална демократија во сферата на културата„ На оваа трибина присутните имаа можност да одговараат на прашања поврзани со културата, а врз основа на нивните одговори понатаму ќе се изработи студија и акциски планови за сегашната состојба во културата.
Настанот е во организација на Фондација отворено општество и Центарот за развој на локална демократија. Целта на истиот е отпочнување со имплементација на ИПА проектот кој се спроведува во три општини Струмица, Струга и општина Центар.