Здружението „Контекст – Струмица“ со нови активности
Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ ги најави своите следни активности.
Станува збор за три активности кои ќе бидат реализирани до крајот на овој месец. По извесно време повторно ќе се одржат„Роднокрајни поетски средби“, нивното деветто издание ќе се случи на 30 април 2016 година со почеток во 20:00 часот во реновираниот простор на познатата „Сцена 112“ (спроти стариот театар).
Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ организира креативна работилница за пишување во природа на 23 април 2016 година, заедно со учениците од ООУ „Даме Груев“ Куклиш кои се под менторство на проф. Александар Јанков. Освен учениците од Куклиш, присутни ќе бидат и учениците од подрачното училиште „Даме Груев“, Костурино.
На 25 април 2016 година се организира двегодишнина од постоењето на Светската унија на поети основана од страна на италијанскиот нобеловец за литература, писателот и поет Силвано Бортолаци. Како дел од истата функционираат делегации, односно школи за поезија (Scuola di poesia) во неколку држави во светот меѓу кои и Македонија, која почна да функционира во август 2015 година, по прогласувањето за амбасадор и претсавник за Македонија на македонскиот концептуален уметник, поет и граѓански активист Митко Гогов.
Македонскиот носечки настан ќе се реализира со почеток во 20:00 часот, во прекрасниот новоотворен простор на првата грамафон кафетерија во Скопје „Vynil“, додека другиот наменет за средношколците ќе биде со награден карактер и ќе се реализира во просториите на гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово.