Поради дефект прекинато e водоснабдувањето на улицата „Климент Охридски“
Поради дефект на водоводната линија од 10,30 часот е прекинато водоснабдувањето на улицата „Климент Охридски“ на потегот од улицата „Братство Единство“ до улицата „Киро Минанов“. Прекинот ќе трае до 13 часот. Екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ работат на отстранување на дефектот.