Денеска беше одбележана 71 годишнина од учеството на Македонскиот корпус на Сремскиот Фронт

Денеска пред Споменикот на револуцијата во Градскиот парк, свечено беше одбележана 71 годишнина од учеството на Македонскиот корпус на Сремскиот фронт.
Со полагање на свежо цвеќе од општинските и образовните институции како и читање на револционерна поезија, им се одаде почит на загинатите борци кои го дале својот живот на Сремскиот фронт.
Пред присутните гости, говор одржа Соња Чурлинова,претседател на здружението на борци. таа меѓу другото истакна…
Од Струмица и струмичко на фронтот учествувале 600 борци, од кои голем број не ја причекале мобилизацијата туку храбро и без двоумење самите се пријавиле како одговорни и искусни борци, независно возраста. Таа голема храброст можеби била одлучувачка при стратешкото планирање на македонската 48 бригада да биде ангажирана при завршните војни дејствија во правецот на главниот удар во пробивот на фронтот и да до крајот ги ослободат и Вуковар и Товарник.
Македонците ќе ги бијат и битките со фашистичките утврдувања и околу Јајковци, Мирковци, Винковци, Ѓакова Јарока…. Па и на линијата Ѓаково-Врпоље, реката Сава, кај Антуновац и ослободувањето на Дуго Село, Загреб, Шип и Илинце.
Со одредена воена единица командува и искусниот струмички-шпански борец генералот Боро Поцков, кој истовремено врши и обука на помалку искусните млади борци, независно нивната национална припадност. Учеството на македонските и струмички борци е трајно забележано, не само во историските учебници туку и во званичната воена литература.
Сите единици учесници на Сремскиот фронт и руски и бугарски и југословенски, најголемиот сојузник го имале во сремскиот народ, во чии домови го имале најсигурното засолнување и медицинска нега. Таа воспоставена врска меѓу сремскиот народ и народите кои учествувале на фронтот, никогаш нема да биде раскината. Таа останува запишана и живее во меморијата на новото потомство чиј татковци и дедовци го преживеале воениот пекол и оние кои засекогаш останале закопани низ широката рамница.
По пробивањето на Сремскиот фронт, Југословенската армија за помалку од месец дена ја ослободила целата окупирана територија на Југославија, Истра, словенското приморје, а стапнала и во Трст. По силниот воен удар на југословенската армија набрзо се случува капитулирање на групите од армијата Е, а истовремено го заробува и генералот Александар фон Лер, кој со своите наредби за бомбардирање уништил многу европски градови, или силата на воскренатите народи на Југославија ги поразила и најдобро опремените фашистички СС единици од кои и единицата Принц Еуген.
Од небројните битки на Сремскиот фронт од НОВЈ загинале 13 400 борци и тоа со име и презиме, но тој број и после многу децении не е и нема да биде конечен, 1100 борци од Црвената армија, 623 борци од Бугарската народна армија, и 163 од бригата „Италија“.
Од петнаесетиот македонски народоослободителен ударен корпус загинале 1674 борци, ранети биле 3700, а засекогаш исчесзнати се 378.


Од овој град и населените места животот пред вратите на слободата го положиле 40/33 борци, а ранети биле 100 кои сведочат за минатото кога овие луѓе дале се од себе за да ние ја имаме сегашноста.
Токму затоа ние поколенијата на овие струмичани постојано е потребно да се залагаме да ја сочуваме слободата и демократијата во Македонија, а исто така да се залагаме никаде и никогаш во светот да не се повтараат страдањата што ги носат војните.
Поаѓајќи од фактот дека Македонците, а меѓу нив и струмичани се биеле и на другите битки и во европски граници, и тие се и остануваат дел од борците кои ги извојувале европските придобивки кои нам единствено ни преостанува да ги сочуваме и практикуваме како граѓани на Македонија.
И денес како и години наназад, стоиме овде пред симболот на револуцијата за да им оддадеме почит и се поклониме пред храброста на сите учесници на Сремскиот фронт.

Напишете коментар