Мулен Руж ја воодушевија публиката на познатиот Раковички карневал во Белеград

Фениксите на Карневалската група Мулен Руж на директна покана од страна на првиот човек на ФЕКК Србија, Маслачак, минатиот викенд се претставија на познатиот Раковички карневал во Белеград, Србија кој траеше три дена, а се одржува четврта година по ред.


Фениксите предизвикаа воодушевување и овации кај публиката. На покана на радио телевизија Србија, присуствуваа во емисијата Жикина Шареница каде што имаа и свој настап.

Групата Мулен Руж во маски се прошета и низ познатата Кнез Михајлова , а со цел да го најави отпочнувањето на Раковичкиот карневал.

Организациониот одбор на Раковички карневал им додели на Мулен Руж медал , како благодарност за учеството во карневалот.

На нивно задоволство, а и на задоволство на струмичани Претседателот на ФЕКК Хенк ван дер Крон, Мулен Руж ги нарече негова омилена група.

Мулен Руж предизвика воодушевување кај претставниците на сите карневалски градови кои беа гости на Раковичкиот карневал и добија покана да бидат нивни гости.

Напишете коментар