Презентиран дел од културното наследство на Чешка во Струмица
„Замоци, дворци и споменици на УНЕСКО во Република Чешка“ ова е насловот на изложбата на фотографии која што синоќа беше отворена во центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Изложбата ја отвори амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија Мирослав Рамеш, а присуствуваа претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, негови членови и граѓани почитувачи на културното наследство.
Отворањето на изложбата ја потврдува добрата соработка меѓу двете земји, но и на општина Струмица со амбасадата на Чешка, а целта е запознавање на струмичката јавност со дел од богатото културно – историско наследство на Чешка заштитено од УНЕСКО.