Зомимак дел од СЕХА Лигата во Новата Сезона!

Македонскиот вицешампион, екипата на Зомимак М и официјално е нов член на СЕХА регионалната лига во новата 2015/ 2016 натпреварувачка сезона, соопштија вечерва од раководоството на СЕХА.

На состанокот во Белград утврдено е новата сезона да стартува на 28/29. август со 10 клубови учесници, 8 стари и два нови, струмички Зомимак и Спартак од Србија. Натпреварувачкиот систем останува ист како од минатата сезона.

СЕХА информираше дека Зомимак своите натпревари ќе ги игра во Скопје се додека се реновира салата во Струмица.

Интересно е дека по извршената ждрепка, во 1. коло на регионалното натпреварување ќе следи македонското дерби. Вардар во Скопје ќе биде домаќин токму на Зомимак.

КЛУБОВИ УЧЕСНИЦИ ВО СЕХА ЗА СЕЗОНАТА 2015/2016: Веспрем (Унгарија), ППД Загреб (Хрватска), Нексе (Хрватска), ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА), ЗОМИМАК (МАКЕДОНИЈА), Борац М.Тел (БиХ), Војводина (Србија), Спартак (Србија), Татран Прешов (Словачка)

Преземено од Екипа.мк

Напишете коментар