Струмичките Градинари со Прес Конференција за Ниските Цени на Доматите

Струмичките градинари реагираат на екстремно ниските цени по кои деновиве се откупуваат доматите. На Пазарот на големо и на откупните пунктови во Струмица килограм домати се откупува за три денари, а една гајба од 8-10 килограми се продава за 30-35 денари.
Еве го интегралниот текст од прес конфренцијата на која пред медиумите се обрати Ристо Велков.

На 15 јули истече рокот за откуп на субвенциониран домат,преку неговиот откуп за преработувачки капацитети,со цена од 4 денари за килограм.
Ние,струмичките градинари јавно ги прашуваме Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство колку килограми на домат се откупени и преку кои преработувачки капацитети?
Уште со носење на таквата одлука ние реагиравме и нагласивме дека одлуката е задоцнета и неискрена од страна на Владата и мин.за земјоделство.Уште тогаш нагласивме дека и овојпат се работи за уштелага и манипулација и врз нас градинарите и врз сите граѓани на Македонија кои треба да веруваат дека оваа власт мисли и работи за сите нас.
Но,во овој период цената за откуп на доматите и цената на нашиот труд за нивно производство остана иста и непроменета.
Денес килограм најквалитетни домати на кванташкиот пазар и на откупните пунктови се нуди за 3 денари,со што ние градинарите и нашиот труд уште еднаш како и многупати до сега сме уценети и потценети како никогаш досега.
Затоа,уште еднаш го повикаувам министерот за земјоделство господинот Михаил Цветков да се појави на кванташкиот пазар во Струмица и да ја согледа вистинската состојба на градинарите,но и да ги почуствува вистинските ефекти од одлуките кои ги носат тој и неговата влада.

Напишете коментар