Заврши 11 то издание на Филмскиот Фестивал Астерфест

1493329_10153944350908957_246749180482934303_oСо доделувањето на наградите заврши 11 то издание на фестивалот за кратки,документарни и анимирани филмови Астерфест. 11 то издание на Астерфест кое годинава беше под мотото Еден филм насекаде-сите на Астерфест за директорот на фестивалот Горан Тренчовски беше убава можност за сите љубители на филсмската уметност да ги погледнат најновите случувања во светот на краткометражниот,докоментарниот и анимираниот филм

Паула Сент од Романија е годинешниот добитник на Златната потковица за филмот Како сакате,сребрената потковица ја добија Ане Марике Графманс за филмот Нема ништо недоречено,додека пак бронзената потковица ја доби Кристен Гајнет од руската федерација за филмот живеј војнику живеј.
Стручното жири на Астерфет,на Ахмед Гомени му ја додели специјалната награда Старозлатeн проектор за филмот Пештера.Според Диме Попов,фестивалот Астерфест е одлична можност каде можат да се прикажат ваквите филмови и каде може да се погледнат повеќе интернационални филмови иако тој неочекувал да добие награда.

Од организацијата на Астерфест со завршувањето на оваа издание започнуваат со поготовките за следното 12 то издание бидејќи времето е кратко и се надеваат дека ќе донесат уште подобри филмови за сите љубители на филмската уметност.

Напишете коментар