Актерот Боро Степановиќ оддржа работилница на тема- Игра – посебноста на филмското актерство во однос на другите драмски медиуми”

Денеска во просториите на центарот за култура Антон Панов,на претпоследниот ден од филмскиот фестивал Астерфест,лауератот и актер Боро Степановиќ оддржа работилница насловена како Игра -осебноста на филмското актерство во однос на другите драмски медиуми.Актерот Боро Степановиќ ги престави и своите две книги Глума 1,2,3 како и втората своја книга глума-аудиција.Тој на работилницата зборуваше за повеќе свои искуства како во театарот така и на филмовите.Посебно истакна дека за да некој сака да се занимава со глума пред се треба да има респект спрема глумата.Меѓу другото спомена дека на постои разлика помеѓу театарска глума и филмска глума,и доколку има тие разлики се доста мали.

Вечерва во НУЦК „Антон Панов” ќе биде свеченото доделување на наградите за филмовите во компетиција на 11-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест”.
Во чест на наградените, веднаш по соопштувањето на наградите, ќе биде прикажан документарецот „Две времиња” на режисерот Киро Урдин. Во својата постојана потрага и страст за Африка, светскиот режисер Киро Урдин го завршил својот најнов, трет филм инспириран од дивината на Африка. „Две времиња” ја освои главната награда „Џиновска панда” на Шестото издание на Меѓународниот фестивал за животни и природа кој се одржа во Јаан, Кина.
Фестивалот завршува утревечер со прикажување на наградените филмови.

Напишете коментар