Започна одбележувањето на Детската недела во Струмица

Во организација на домот за деца и млади „Благој Мучето“, а со поддршка на општина Струмица започна одбележувањето на Детската недела во Струмица, која годинава се одржува под мотото „Во нашиот свет сите сме еднакви“. Првата активност од одбележувањето беше цртањето во природа кое што се реализираше пред домот на АРМ во кое учествуваа ученици од основните општински училишта. Соред информациите од Светлана Мазгалоска Вучетиќ од домот за деца и млади „Благој Мучето“, одбележувањето на Детската недела ќе продолжи со приемот на првачињата во Детската организација на шестти окотомври во центарот за култура „Антон Панов“, а ќе биде распишан литературен и ликовен конкурс на тема „Во нашиот свет сите сме еднакви“.

Напишете коментар