о.Василево домаќин на Македонија во ритамот на Европа

Со потпишување на договорот на ден 02.10.2017. година, помеѓу директорот на програмата “Македонија во ритамот на Европа” Игор Карадаревиќ и претседателот на општина Василево, господинот Ванчо Стојанов, во присуство на г-дин Дејвид Макевиќ, директорот на “Ритам на Европа”, започна реализацијата на проектот “Македонија во ритамот на Европа”. Проектот предвидува дека програмата “Македонија во ритамот на Европа” ќе вклучи деца од 20 Македонски градови и општини , кои ќе се натпреваруваат во пеење и танцување, со големи хитови на Евровизија. Интересно е тоа, што секоја општина, односно градот за партнер ќе има една од европските амбасади, а децата ќе ги бранат боите, како на нивните градови и општини, така и на земјите чии амбасади ќе бидат нивни партнери во финалниот натпревар кој ќе се случи во Василево и на чии јазик ќе пеат. Во наредниот период, на покана на градоначалникот на Василево, господинот Ванчо Стојанов, програмата “Македонија во ритамот на Европа”, веднаш до Василев, ќе се приклучи уште 19 градови и општини. Деца на Македонија, пејте и играјте во ритамот на Европа.

Напишете коментар