Во Четврток ракометен плеј-оф натпревар помеѓу РК Макс Струмица и РК Вардар

На ден 05.05.2016 год. (четврток) во спортската сала „Парк“ во Струмица со почеток од 18.00 часот ќе се одигра натпревар од ракометниот плеј-оф на Македонија, помеѓу екипите на РК Макс Струмица и РК Вардар. Влезот за овој натпревар е 50 денари. Карти ќе се продаваат на билетарата на спортската сала „Парк“ на самиот ден на натпреварот. Ги покануваме сите љубители на спортот да дојдат и да ги бодрат „рисовите“ против гигантот Вардар!

Напишете коментар