Вандали повторно искршиле жардинерии на градскиот плоштад

Жардинериите поставени на плоштадот „Гоце Делчев“ ноќеска повторно биле мета на вандалско однесување од страна несовесни граѓани. Овој вандалски чин е пријавен во полицијата, а се случува по трет пат во период од две недели.
Општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ го осудуваат вандалското однесување и апелираат до граѓаните да престанат со уништувањето на заедничките материјални добра.

Напишете коментар