Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ промовираше проект за намалување на партиципацијата на студентите

Претседателот на комисјата за студенти при општинскиот комитет на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Александар Манев, одржа прес конференција на која го провираше проектот “Промена на студенски статус” од програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интергиран текст од пресконференцијата

,,Унија на Млади Сили Струмица продолжува со промовирање на мерки за млади кои се дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите што следуваат. Унија на Млади Сили за младите изработи програма која се состои од повеќе проекти кои ќе го подобрат животниот стандард на младите.

Денес ќе ја промовираме мерката “Промена на студентски статус”, проект со кој на студентите со кофинансирање ќе се даде можност да им се намали патриципацијата за 50%, доколку го исполнат условот за планиран просек со што ќе заштедат половина од сумата за студирање.

Имено, студент запишан на прв циклус студии со кофинансирање од 400 евра годишно, по завршената втора студиска година, доколку му се положени сите испити со просек над 8,5 ,тогаш му се овозможува по автоматизам да биде префрлен во државна квота во која ќе плака за 50% понизок надомест.

Проектот ќе започне со реализација од септември 2017 година со што веруваме дека ова ќе биде стимул за студентите кои ќе вложат труд и ќе бидат посветени на образовниот процес. Затоа ги повикуваме сите оние кои се препознаваат во овој проект активно да вложуваат во себе и во знаењето.”

Напишете коментар