Учениците од ООУ „Борис Трајковски“ во посета на Општина Босилово

Учениците од четврто одделение од О
ОУ „ Борис Трајковски“ Моноспитово, беа во посета на општина Босилово.

Оваа работна посета беше реализирана во рамки на наставниот процес во кој што преку истражувачки дејности и активности учениците се запознаваат со работата на локалните институции: Градоначалникот, Советот на општината и одделенијата при општинската администрација,како и со работата на ЈПКД Огражден – Босилово.

Од страна на Градоначалникот на општина Босилово, г-дин Љупчо Колев, и вработени лица во општината на учениците им беа презентирани дел од работата на Локалната самоуправа, нејзините ингеренции и надлежности како и некои тековни активности што администрацијата ги работи.

Напишете коментар