Центар на Заедницата на о.Струмица-Обука за млади од рурални средини

На 21.04.2016 г. младите од с. Муртино учествуваа во обука за начини за регистрирање здруженија и фондации, која се одржа во поранешната општинска зграда во с. Муртино. Обуката ја одржаа координаторите од Центарот на заедницата на општина Струмица.

Дел од темите кои им беа презентирани на младите беа: основи на правото на слободно здружување, основни начела на функционирање на организациите, Закон за здруженија и фондации (основање, постапка при регистрација, средства за работа, престанок и забрана на организациите, организации од јавен интерес) и многу практични вежби наменети и прилагодени на нивата возраст.

Учесниците активно учествуваа во обуката и дадоа свои придонес, а и пројавија желба за волонтирање во некои од здруженијата кои се активни во о. Струмица.


Исто така на На 20.04.2016 г. младите од с. Дабиле учествуваа во обука за начини за регистрирање здруженија и фондации, која се одржа во Домот на културата во с. Дабиле. Обуката ја одржаа координаторите од Центарот на заедницата на општина Струмица.
Дел од темите кои им беа презентирани на младите беа: основи на правото на слободно здружување, основни начела на функционирање на организациите, Закон за здруженија и фондации (основање, постапка при регистрација, средства за работа, престанок и забрана на организациите, организации од јавен интерес) и многу практични вежби наменети и прилагодени на нивата возраст.
Учесниците активно учествуваа во обуката и дадоа свои придонес, а и пројавија желба за волонтирање во некои од здруженијата кои се активни во о. Струмица.

Напишете коментар