Сузана Мицева, дел од наградените новинари со наградата Никола Младенов

Првата наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија, која вчера ја додели Македонскиот институт за медиуми, ја доби тимот на Блаканската мрежа за истражувачко новинарство БИРН за проектот „Скопје 2014 под лупа“.

Во рамките на ова осуммесечно истражување, собрана е голема база на податоци за спомениците, фасадите, скулптурите и објектите од „Скопје 2014“, добиени според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, од веб-страницата за јавни набавки, ревизорскиот извештај за „Скопје 2014“ итн.

Втората награда и беше доделена на новинарката од Телма Билјана Николовска за документарниот филм „Како здравствениот систем убива дете“, додека третата награда ја поделија неколку новинари за серијата текстови поврзани со аферата „Македонски Телеком“.

За новинарот на Телма Петар Клинчарски и дописникот на следуваше пофалница за прилогот со кој беше откриено дека палмите во Македонија се набавеви за трипати повисока сума.

Дописничката на ТВ Телма, Сузана Мицева за серијата прилози поврзани со мигрантите на почетокот од кризата доби пофалница за посебен придонес кон актуелизирање на овој глобален проблем.

Македонскиот институт за медиуми денеска по 15-ти јубилеен пат ја додели новинарската награда за најдобра истражувачка сторија за 2015 година, која од 2013-та го носи името на трагично починатит новинар Никола Младенов.

Третата награда ја поделија Џелал Незири од СКУП Македонија за сторијата „Во токсичното кралство на Југохром“ и новинарите Горан Ризаов, Сашка Цветковска и Борјан Јовановски за серијалот текстови за аферата „Телеком“ објавени на веб – страницата на Нова ТВ .

МИМ додели и пофалници за истакнат новинарски ангажман и тоа на Сашка Цветковска, Владо Апостолов, Петар Клинчарски, Сузана Мицева, Горан Лефков, Анета Додевска и Александар Јанев.

На годинашниот конкурс се пријавија 20 автори и тимови на новинари истражувачи, со вкупно 37 стории обработени во 97 текстови/прилози објавени во дневните весници, на телевизиите и на интернет порталите.

Директорката на МИМ Билјана Петковска истакна дека членовите на жири комисијата констатираа дека на годинашниот конкурс учествуваа квалитетни и релеватни стории, со исклучително важни теми од интерес на граѓаните. Жири комисијата за доделување на наградата оваа година ја сочинуваа Катерина Блажевска, Фатос Муслиу, Зоран Иванов, Сашо Кокаланов и Томислав Кежаровски.

– Според Комисијата, и покрај тоа што дел од сториите откриваат актуелни и интересни теми сепак тие во најчест случај останале недоречени и без продолжение на приказните и без нивна разрешница. Жирито исто така ја потенцираше тимската работа на новинарите како позитивна при истражување на комплексни теми што содржат бројни информации и податоци. Како и другите години така и на овој конкурс доминираа стории кои се финансиски поддржани од донатори наспроти оние кои се иницирани и финансирани од самите медиуми, истакна Петковска. Комисијата смета дека незаинтересираноста на редакциите самостојно да го потттикнуваат и негуваат истражувачкото новинарство, покажува дека медиумите ја занемаруваат нивната основна улога во општеството – чувари на јавниот интерес и на демократските вредности.

Наградата се доделува од 2001 година, како дел од заложбите на МИМ за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во Македонија.

Преземено од телма.мк

Напишете коментар