Хорти Еко го посетија 25-от Меѓународен земјоделски саем АГРА 2016 во Пловдив, Р.Бугарија

Група фармери во организација на здружението Хорти Еко од Струмица на 28.02.2016 година го посетија 25-от Меѓународен земјоделски саем АГРА 2016 во Пловдив, Р.Бугарија. Станува збор за еден од најголемите Интернационални саеми на кои беа презентирани најновите светски достигнувања во делот на механизација, опрема и репроматеријали. Целта на саемската посета беше да се разменат искуства и идеи, да се види практичната примена на новите техники и технологии во аграрот како и нивно поттикнување и примена кај нас, остварување на бизнис средби, реплицирање на иновативни начини на производство. Во склоп на саемот веќе 4-та година по ред, фармерите имаа можност да го посетат и саемот за органско производство БИО АГРА 2016.1937263_187267351647709_2953916520424961399_n 10391792_187267188314392_7288433041800642683_n 12794528_187267534981024_8685971830402856826_n 12799446_187267024981075_1345424764594167671_n 12806166_187266934981084_9103990110217960044_n

Напишете коментар