Струмичкиот еснаф порачува- Заев се фали за скопската чаршија и занаетчиите, а со прст не мрднува за струмичкиот еснаф

Денеска прес конференција одржаа група граѓани кои го искажаа незадоволството од работењето на градоначалникот Зоран Заев. Во прилог ви го доставуваме интегралниот текст од прес конференцијата.

Струмичкиот еснаф порачува- Заев се фали за скопската
чаршија и занаетчиите, а со прст не мрднува за
струмичкиот еснаф.


Го гледаме Заев вчера во Скопје се рашетува низ
скопската чаршија, а ниту со око не погледнал кон
струмичката, а не па да не посети.

Тој се фали дека ќе ја заживеел скопската, а ја уништува
Струмичката.

Не не посетил, а на нас се сеќава само пред избори.
Еснафот во Струмица замира, а пазарот го спомнува само
во неговите ветувања дека ќе го покрие и направи
модерен и после веднаш го заборава.

Заев ти си градоначалник на Струмица земаш пари од
сите нас, нашиот народ вели прво погледни си во својот
двор па после во другите.
Се шета во Скопје и им се фали на дуќанџиите дека ќе
направел нешто за чаршијата, еве ние ви кажуваме дека
ништо нема да направи и дека само лаже.
Трет мандат е градоначалник и со прст не мрдна за
струмичката чаршија.
фото- Струмица Денес

Напишете коментар