Демолиран дел од антипаркинг опремата поставена од „Паркиралишта Струмица“

Непознати сторители во раните утрински часови демолирале дел од антипаркинг опремата која што вчера ја постави јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“.
За овој безобразен и дрзок чин на уништување на општественото добро е известен и Секторот за внатрешни работи од каде најавија дека ќе го зголемат присуството на нивните служби на местата каде што е монтирана опремата.
Од јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ апелираа до граѓаните да не ја уништуваат антипаркинг опремата која во централното градско подрачје беше поставена заради зголеменото присуство на несоодветни возила на плоштадот „Гоце Делчев” во периодот кој не е предвиден за достава на стока како и честата злоупотреба на пристапните влезови кон плоштадот од различни субјекти, со што би се овозможило ограничување на сообраќајот низ градското корзо.

Напишете коментар