Струмица блесна со новото Лед осветлување

ЈП „Паркиралишта“ преку одделението за улично осветлување, во изминатиов период изврши замена на осветлувањето во централното градско подрачје. На дел од булеварот „Маршал Тито“, на потегот од кружниот тек (кај поштата) до семафорите кај „Глобал“, дотраените живини светилки од 250 W, се заменети со COB (chip on board) лед арматури од 150 W, а со исти такви се заменети и натриумовите светилки од 250 W, на дел од булеварот „Ленинова“, од хотелот „Централ“ до крајот на „Глобал“.
Според зборовите на Верица Узунова, директор на ЈП „Паркиралишта“ , монтирани се 51 лед арматури, а ваква активност се планира и во наредниот период, доколку анализите за квалитетот и заштедата на енергија ги покажат очекуваните разултати. Според Узунова, лед технологијата користи помеѓу 30 и 50 проценти помалку енергија и е полесна и поевтина за одржување, а една лед светилка произведува и до четири пати повеќе светлина од живините и натриумовите светилки. Покрај другите бенефити, ЛЕД технологијата има подолг „век“ на траење, како и значаен придонес за еколошки здрава средина. Светилките имаат работна трајност до 50.000 часа и гаранција до 3 години.

Напишете коментар