Верица Стојанова-„Најдобар млад библиотекар“

Во организација на Локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“, се оджа 14. Општински натпревар на членови на секциите и клубовите „Млади библиотекари“, при основните училишта од општините Струмица, Василево и Ново Село. На натпреварот учество зедоа дваесет ученици, а првото место и наградата „Најдобар млад библиотекар“ ја освои Верица Стојанова, ученичка во деветто одделение при ООУ „Маршал Тито“ од Муртино. Таа ќе ја претставува општина Струмица и струмичкиот регион на Државниот натпревар, кој ќе се одржи во Велес кон крајот на овој месец.

Напишете коментар