Советот на општина Василево ја одржа 48-та седница

Едногласно, на вчера одржаната 48-ма седница, беа донесени две нови одлуки за реализација на проекти кои ќе значат развој на општина Василево. Финансиско учество на општина Василево во изработка на техничка документација за водоснабдување на населените места Требичоно и Дукатино и финансиско учество на општина Василево во изградбата на дел од локалниот пат Чанаклија Нова Маала, се двете предлог-одлуки кои по образложението дадено од градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, беа едногласно донесени.

Со вкупен износ од 80 000 денари општина ќе учествува во изработката на техничката документација за водоснабдување на Требичино и Дукатино – проект за кој 800 000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој.

Финансиското учество на општина Василево во изградбата на локалниот патен правец Чанаклија – Нова Маала изнесува 1 800 000 денари, додека поголемиот дел од средствата односно 8 000 000 денари општината ги обезбедеи од Бирото за регинален развој.

„Реализацијата на овие два проекти е во насока на континуираниот развој на општина Ваилево“, е ставот на предлагачот на одлуките – градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.dsc_0760-1024x681

dsc_0763-1024x681

dsc_0765-1024x681

Напишете коментар