Сообраќајно дефиле во Струмица по повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Обединетите нации на 26 октомври 2005 година усвоија резолуција со кја во третата недела од месец ноември е прогласен Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајн незгоди.
Секоја година околу 260 000 деца загинуваат на патиштата,а повеќе од еден милион се тешко повредени , најчесто со траен инвалидитет.
Во првите шест месеци според податоците на СВР – Струмица се регистрирани 115 сообраќајни незгоди од кои шест лица се здобиле со потешки повреди. Од лицата со потешки повреди тројца управувале моторно возило, двајца се сопатници, а останатите се велосипедисти и пешаци. Во текот на ова година според неофицијални по месец јуни информации две лица се жртви во сообраќајни незгоди на територијата на општина Струмица.
Оваа евиденција укажува дека лицата што не управувале со моторно возило се побројни жртви. За да се стави точка на трагичните последици, републичкиот и општинските совети за безбедност во сообраќајот го одбележуваат светскиот ден за сеќавање на жртвите преку кој се информира јавноста за податоците за случените сообраќајни незгоди.
Во текот на денешниот ден со полачасовно дефиле младите струмичани преку транспаренти упатија разни пораки со една иста цел, а тоа е да се даде значење на сите учесници во сообраќајот дека се должни да ги почитуваат правилата и прописите, но и дека се одговорни за сите постапки кои ќе ги направат.

Напишете коментар