Пожарникарите меѓу децата во градинката „Детска радост“

Децата на возраст од четири и пет години во градинката „Детска радост“ Клон 2 и 6, денеска, имаа прекрасна можност да се запознаат со работата на Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица. Според Александар Гудев, заменик командир, оваа едукација се реализираше на иницијатива на противпожарната единица, а во соработка со градинката. Дечињата со голем интерес ги следеа објаснувањата за противпожарното возило, неговата опременост и функција, за работата на пожарникарите, за бројот на единицата 193. Гудев истакна дека вакви посети ќе бидат организирани и во останатите клонови на градинката „Детска радост“.

Напишете коментар