Соколов и Димитријески, потпишаа за Зомимак

Дефанзивецот Соколов од Охрид и плејмекерот на Тинекс Пролет доаѓат во Зомимак Струмица.

Актуелниот вицепрвак на Македонија, екипата на Зомимак од Струмица, вчера потпиша договори со уште два ракометари. Едниот всушност претставува продолжување на соработката со левиот бек Јовица Младеновски, а другиот ракометар е Борче Соколов.
Соколов минатата сезона играше за екипата на Охрид, а струмичани се заинтересираа за него најмногу поради неговите дефанзивни способности. Соколов игра одбрана на позициите 3 и 4, а во Струмица ќе биде и повратник со оглед на тоа дека пред три сезони беше дел од оваа екипа.
Од Тинекс Пролет во Зомимак се сели Славиша Димитријески, поранешен играч на МРК Вардар, Вардар Про, Пелистер и Куманово. Игра на позиција централен бек и ќе го збогати ростерот во пресрет на тешката сезона.
Претходно, Зомимак ги обнови договорите и со Везенкоски, Чанурија, Стојаноски, Трајковски, Босеовски и Милосављевиќ. Ангажирани се и две странски засилувања. Би требало да дојдат  Ален Куленовиќ од БиХ и Мирко Мајиќ од Ц. Гора.

Напишете коментар