Двајца Потешко Повредени во Сообраќајка кај Моноспитово

Сообраќајна несреќа во која четворица млади луѓе се повредени се случи синоќа околу 22 часот на локалниот пат меѓу селата Моноспитово и Банско. Двајца од нив се здобиле со тешки повреди и се задржани на лекување во струмичката болница, додека другите двајца по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

Според полицијата, несреќата се случила пред влезот во селото Моноспитово, на местото викано „Моноспитовска штала“. Автомобилот марка „москвич алеко„, управуван од А.Е.(20), од засега непознати причини, излетал од патот, при што покрај него во автомобилот се наоѓале уште Е.К. (22), К.С. (18) и И.К.(45) сите од селото Иловица.

Напишете коментар