Симулација на земјотрес и пожар во СОУ Димитар Влахов

Денес учениците и професорите од СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, беа евакуирани од училишната зграда, како симулција на земјотрес и пожар, а на дел од „повредените“ им беше укажана прва помош од страна на младите волонтери на струмичкиот Црвен крст. Оваа активност на ОО на Црвениот крст е во рамките на програмата за подготвеност при елементарни непогоди и катастрофи, која ја реализира во соработка со Регионалниот Центар за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Противпожарната единица на Струмица.

Напишете коментар