„Младите – клуч за иднината на бизнис секторот“

Центар на заедницата на општина Струмица во рамките на проектот „Младите – клуч за иднината на бизнис секторот“, на ден 29.10.2019 во 18:00 во големата сала во Дом на АРМ – Струмица, организира настан – ФОРУМ за вмрежување на млади невработени лица со претставници на бизнис секторот во Струмица.

Проектот се спроведува во партнерство со Здружението за заштита на бизнис интересите на компаниите во струмичкиот регион СТРУМИЧКА БИЗНИС ЗАЕДНИЦА Струмица. Проектот „Младите – клуч за иднината на бизнис секторот“ се спроведува во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Оваа активност е дел од проектот кој работи во насока на подобрување на положбата на пазарот на трудот на младите невработени лица и лица кои се дел од маргинализирани групи, првично преку детерминирање на компетитивните предности со кои што тие лица располагаат.

На ниво на земји членки на ЕУ, развиени се посебни методологии и пристапи со кои се врши мерење на степенот на поседувње на различни компетиции кај работоспособното население, како би му се олеснил процесот на барање на работно место на секој поединец.

За таа цел, сакаме да поттикнеме интерес кај младите за доусовршување, доквалификација и подобрување на вештините и можностите за вработување, со организирање на специјални обуки и формирање на Инфо пункт кој ќе располага со база на информации од граќанскиот и бизнис секоторот и ќе служи како медијатор, односно ќе биде врската помеѓу организациите и младите лица.

Напишете коментар