„Сеќавање на една уметност“- проект на Здружението Транзен

Здружението за култура Транзен интензивно работи на проектот „Сеќавање на една уметност“ кој има за цел да го потврди историскиот континуитет на културно-уметничкиот живот во градот Струмица од почетокот на 20 век се до крајот на минатиот век со потсетување на творештвото на големите ликовни мајстори кои оставиле трага во развојот не само на сликарството во градот, туку и на современото македонско сликарство и од друга страна да придонесе во развојот на идните млади таленти во областа на ликовните уметности.

Проектот е поделен во две фази, и тоа во првата фаза, да го истражи животот и делото на пет значајни уметници кои живееле и твореле во градот Струмица. Втората фаза опфаќа истражување на нивното творештво и е во соработка со нивните наследници, техничка опрема на делата и нивна подготовка за изложување.. Резултатите од истражувањето и обезбедените слики ќе се искористат за изработка на високо квалитетен монографски каталог со репродукции и Меморијална изложба која ќе биде реализирана во галеријата на Музејот во Струмица. Во ова истражување ќе бидат опфатени сликарите: Сликаркатa Василка Христова- првиот школуван ликовен уметник во Струмица која и припаѓа на поствоената генерација македонски сликари, Атанас Мучев еден од најзначајните акварелисти во земјата и основоположник на уметничкото здружение на уметници во Струмица, сликарот Момчило Петровски Момо кој е најавтентичниот претставник на авангардното апстрактно-енформелно сликарство, Стојче Гоцков еден од најзначајните симболисти на фигуративното сликарство во Р.Македонија и Стојан Пачов,високо реномиран струмички сликар кој живееше и твореше во Белград, кој остави многу вредна колекција на негови дела во градот. Атанас Мучев и Василка Христова се првите школувани ликовни педагози во Струмица, а останатите двајца уметници се вистински претставници на струмичкиот ликовен живот и најоригиналните и највлијателни членови на Друштвото на ликовните уметници во Струмица; Стојан Пачов е еден од најреномираните македонски сликари во поранешна Југославија.

На фотографијата се Атанас Мучев и Стојан Пачоов, 1960

13925063_1224782327554101_1766637468727894035_n

Проектот е финансиски поддржан од Програмата Г1 на Одделението Лер – Трансфер до невладини организации при општина Струмица .

Напишете коментар