Се поставува втор слој асфалт на улицата „Моша Пијаде“

Општина Струмица продолжува со поставувањето втор слој асфалт на дел од улиците во градот. По завршените работи на улиците „Братство Единство“ и „Браќа Миладинови“, втор слој асфалт денеска се поставува на улицата „Моша Пијаде“. Со овој зафат опфатена е површина од 4.440 метри квадратни за што од буџетот на општина Струмица се издвоени 2.860.000 денари.

Напишете коментар