Известување од ЈПКД „Комуналец“ за прекин во водоснабдувањето

Поради интервенции од страна на водостопанското претпријатие „Струмичко Поле” на браната Турија, поточно, заради дефект на главен пропусен затворач на 07.10.2015 година (среда) ќе биде прекинат дотурот на сирова вода до Фабриката за вода во траење од 14 часа.
Затоа се известуваат граѓаните и стопанските субјекти во градот Струмица и населените места кои користат вода од водоснабдителниот систем на град Струмица, дека на ден 07.10.2015 година (среда) ќе дојде до прекин во водоснабдувањето.
Во градот Струмица вода ќе нема во периодот од 17 часот до 22 часот, а во населените места Добрејци, Просениково, Дабиле, Градско Балдовци, Баница и Водоча, вода ќе нема во периодот од 07 часот (среда) до 07 часот наредниот ден (четврток).
Се молат граѓаните во текот на утрешниот ден да ја користат водата исклучиво за неопходни санитарни потреби, а потребните резерви на вода да се направат во текот на денешниот ден. Се надеваме дека ВП „Струмичко Поле” сите планирани активности ќе ги заврши во предвиденото време и со тоа ќе допринесе прекинот во водоснабдувањето да биде во најавениот период.

Напишете коментар