Ристо Ѓоргиев- С’кн таа работа

Значи са знаа ного одамна оти најголем душман и крвник а богами и убиец на македонците е промајата, па дури после идат турците. Тии кабадиите – историчаарто имат бројќи, шо тава го кажуват јасно и гласно, така да не не ми објаснувајте оти не см управо.

Начи и турците неможеле да истепат толко македонци кти промајата. Е саа у поново време уше црна чума се зададе а тава е нели ладното чименто. Чименто ќее било тука горе со промајата, ама нели чиментото е измислано попосле.

Е саа тии исоричаарто мош имат ељаме оти са одиле на чкољи не викам не, ама џаабе им е кане знаат оти македонецо има еден оште поголем душман.

Одговорност на литературно, или ти на нашки кривица.

Значи, македонецо не може и не смее да признаа оти е за нешто е крив. Не оти он нејќе, него ак признаа ќе га скине ма разбираш ли?

За него е тава как да е седел на ладно чименто а да гоо фукала промоја од сите страни. Нема шанси да го преживее тава патешествие.

Начи треба да разберате оти македонецо нема имунитет да издрже да признаа кривица. Значи мислам оти му фале тај гено шо е за тава чудо.

Знам шо ќе кажате саа, а тај пат ка јас признајах оти сам крив, забрави ли го?

Видејте саа, знам ка сте признајале, ак вее кажал некој брат крив си, 100% си кажал е шо ти поарен да не си.

Тава не е признаване, тава е как ка беелте крвни зрнца се борат против бољки. Имаш вирус у тебе и го исфрљаш. Не си ти крив, генетски си предодрен да не си крив.

Мислам ка може как македонец да си крив, да не можаш нешто да напрааш или не дај боже на некоо тема нешто да не знааш?

Ја јас за мене ќе си говорам, ама не се сеќавам да см правил мбет со некој македонец за нешто а он да нее бил експерт у се. Нуклеарна физика, нормално оти знаа, он има брчет, шо има еден другар, е па чичо му на тај човек има гледано документарка една и он му расправал шо как, и саа ти ќе му солаш памет на него демек он не знаа.

Фудбал, ракомет,хокеј на трева, уметничко летане у ваздух, оди нани бе, он со тава има пораснано, у маалта е бил најјак ти саа ќе му врзуваш мокри крпи.

Политика? Е шо он нема ли човек у штабо шо му кажува од прва рака, еваа детеее дек са буташ у градушката.

Е мене саа ме живо интересире оти нема ниеден научник да зема да се позанимаве со тај феномен?

Значи јас не верувам оти постоо на таа топка ли е, чинии ли е планета шо е отпорен накривица од македонецо. А ја никој нит ни признава нит да не испоштува да испите шо чудо е тава.

Ја саа на пример Грујо си флезе у Унгарија не са собуја, и никој не е крив. Ваздухо бил загаден, никој не крив. У Иловица рудник ќе копат па никој не е крив.

Народо нема лебда јаде, никој не е крив. 20 години 6 назад 3 напред никој не крив. Искрадее и штрафовето од државата и шахтите од улицата па никој не крив.

Исселиса половина држава, е кој сакате да е крив? Еден политичар нема шо не е апашинка, ама па никој не е крив.

У шкоолто нема деца, никој не е крив. Месец се врзува со к’напе за тутун, никој не е крив. Саа лебо поскапе па никој не е крив. И заледаните пилина избегаа од државата никој не е крив.

Димето со љубовничката, у државен џип направи беља па не беше крив. Макрадули некни заспа додека “читаше“ па не беше крив.

До утре сабајле може да ви редам пример как никој не бил крив, и саа вии сакате да ми кажате оти некој сериозен научник не треба да се позанимава со таа проблематика.

А бе македонецо цел живот у него носе вирус у него, ак каже јас см крив ќе умре и никој лед не го леде.

А бее човеци думан е работта, дај некој не виде шо чааре може да се наа. Медицински со ељач ако може да се излече таа мака, ак не да земаме „јас см крив“ да го избришаме од јазико оти само проблеме праа.

Така на раат ќе сме сите, ќе знааме оти никој за ништо не е крив 100% и нема веќе у страх да живееме од тава пусто „Јас см крив“.

С’кн гааре од таа јанѕа, еми шо бива на пример испуште ти се и кажаш, еми ја ја см крив, и млад здрав прав, ојде си.

Дај тава гајле да не го бераме веќе, да се договораме како човеци оти нии как македонци не можаме за ништо да сме криви и нема шо да се тере од некој да презима кривица.

Не е убаво човек да се турува така на судни маки.

И затава за крајјас ќе кажам, бог да чува и да бране од кривица, а оште по битно, с’кн таква работа кога било у живото да признааш. Поживеј си на тај кол не са наденуви.

Напишете коментар