Започна пријавувањето за Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал

По повод Новогодишно-Божиќните празници, во Василево се организира традиционалниот ноќен Новогодишно-Божиќен турнир во мал фудбал што ќе започне на 17-ти декември 2018 година.

Пријавувањето започнува од 10.12. 2018 и ќе трае до 16.12.2018 година до 16,00 часот.

Одредувањето на паровите за игра ќе се изврши на 16.12.2018 во 17,00 часот во просториите на Спортска сала во Василево

Котизацијата за учество изнесува 5000 денари за сениори и 3000 денари за кадети.

Според правилата за учество, екипите треба да бројат од 6 (шест) до максимум 10 (десет) играчи од кои најмногу двајца професионалци.

Вкупниот награден фонд изнесува 200 000 денари.

Натпреварите ќе се играат во спортската сала на ООУ„Гоце Делчев“, во Василево со почеток во 18,00 часот.

За пријавување учество и дополнителни информации заинтересираните треба да се обратат кај организаторот на телефонскиот број 077 531 592.

Напишете коментар