Работилница за конзервација и реставрација со традиционални материјали

Афирмација на употребата на традиционалните градежни материјали во третманот на недвижното културно наследство како што е варот и неговите модификации. Тоа е главната тема која се разработуваше на работилницата во Струмица во организација на Националниот комитет – ИКОМОС. Конзерваторите велат дека варот е еден од најстарите градежни материјали и затоа треба да биде посебно застапен кога се работи на рехабилитација на историски градби и споменици од културното наследство. Во последните години се помалку варот се употребува во градежните зафати. Затоа и конзерваторите на денешната работилница сметаат дека најстариот градежен материјал не треба да го губи приматот во третманот на културното наследство и историските градби. Македонскиот Национален комитет за споменици и локалитети е формиран пред дваесет години по иницијатива на околу педесетина кознерватори од целата држава. Целта на ова еснафско здружение е подигање на свеста за значењето и вредностите на културното наследство како и системска едукација на конзерваторскиот кадат во Република Македонија. С.П

Напишете коментар