Преставен Новиот Музички Сервис на Apple

Apple го најави долгоочекуваниот сервис за стримување музика, со ветување дека сите корисници ќе имаат пристап до десетици милиони песни. Главниот извршен директoр Тим Кук го откри Apple Music сервисот на годишната програмерска конференција на оваа компанија, а медиумите веќе го оценија како сериозен ривал на Spotify.

„Новиот сервис засекогаш ќе го смени начинот на кој ја доживуваме музиката“ – изјави Кук.

Корисниците ќе можат да слушаат музика или пак да ги сочуваат песните преку опцијата за преслушување подоцна, за која нема да има потреба од интернет конекција.

Apple Music стартува и глобална радио станица која се вика Beats One, а која ќе емитува сигнал од Лос Анџелес, Њујорк и Лондон. Уште една опција што ќе ја има сервисот е нудењето препораки за песни.

Во САД користењето на сервисот ќе чини 9,99 долари месечно, додека првите три месеци ќе бидат бесплатни, опција што Spotify не ја нуди.

Сервисот Apple Music ќе биде достапен на уредите од 30 јуни во повеќе од 100 земји во светот, а од есен ќе биде достапен и на Android и Windows уредите.

Љубителите на музиката ќе можат да бидат поврзани и со омилените изведувачи, бидејќи ќе има опција самите музичари да објавуваат фотографии, музика или разни информациapplekkd

Напишете коментар