Промовирана Монографија 9 Децении ФК Тиверија

Денеска во просториите на НУЦК Антон Панов, беше промовирана монографијата 9 Децении ФК Тиверија од авторот Иван Станоев.

Да се опстои и дејствува во период долг цели 90 години не е лесна и едноставана работа за една граѓанска асоцијација, па макар тоа да се однесува и на еден фудбалски клуб.

Во текот на целиот овој период Фк Тиверија е постојано присутна на струмичката фудбалска сцена, а клубскиот дрес го носеле стотици фудбалери меѓу кои има и такви кои , бладорение на својот фудбалски талент, кариерата ја продолжиле во фудбалски клубови од повисок ранг надвор од Струмица .

Главен мотив за подготовката на ова монографија, според авторот Иван Станоев, е што фудбалерите на Тиверија по макотрпната работа  и во третиот бараж натпревар во сезоната 2012-2013 година се избориле за пласман во Втората републичка фудбалска лига.

За успешна реализација на оваа монографија свој придонес дале бројните соговорници како и некогашните членови на овој фудбалски клуб.

Оваа монографија е финансиски подржана од градоначалникот Зоран Заев и Советот на о.Струмица.

Напишете коментар