Претставници на општина Струмица на студиска посета за родово одговорно буџетирање во Виена

Заради зголемување на искуството за родово одговорно буџетирање, а во кое општина Струмица веќе има позитивни практики, претставници на општината беа на студиска посета во Виена, Австрија. Во рамките на овој престој, координаторот за еднакви можности на мажите и жените во општина Струмица, Нела Масалковска и претседателот на Комисијата за родова еднаквост, Веселинка Ристовска, посетија детска градинка каде што споделија искуства, а ги споделија и практиките со специјалниот советник за родово одговорно планирање на градот Виена како и со советникот за родово одговорно буџетирање на општините во Долна Австрија. Претставниците на општина Струмица го посетија и министерството за финансии каде што беа споделени искуствата околу вклучувањето на принципот на родовата еднаквост во политиките.
Студискиот престој е во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на општинските службеници и локални претставници за родово одговорно буџетирање“ кој што се спроведува со поддршка на UN Women – тело на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените.

Напишете коментар