Промоција на книгата “Божилак на исконот” од Филип Димкоски

На 16 октомври 2015 година, во 19.30 часот во малата сала на Центарот за култура ,,Антон Панов” во Струмица  ќе се одржи промоција на книгата ,,Божилак на исконот” од Филип Димкоски.

Како и на претходните три промоции во Прилеп, Скопје и Битола, така и на оваа, книгата ќе биде претставена преку еден необичен и несекојдневен концепт, што досега според бројот на посетителите и според нивните реакции се покажа како успешен.

Промоцијата освен поезија изрецитирана од авторот на ,,Божилак на исконот”, Филип Димкоски, ќе содржи и богата уметничка програма која ќе ја реалзираат  членовите на хорот при гимназијата ,,Јане Сандански” под раководство на проф. Анита Станковска,  младиот оперски пејач Стефан Неданоски,  триото Ана Глигорова, д-р Александар Глигоров и  д-р Александар Димкоски.

Сценариото за овој настан го подготви таткото на Филип, д-р Александар Димкоски. Водител на програмата е доајенката на Македонскиот народен театар, Добрила Чабриќ.

Напишете коментар