Елисавета Ристова од училиштето во Муртино најдобар млад библиотекар

Во библиотека „Благој Јанков Мучето“, денеска, по 13-ти пат се одржа натпреварот „Млади библиотекари“ на кој учествуваа натпреварувачи од општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село. Во конкуренција на 27 натпреварувачи, првото место го освои Елисавета Ристова, ученичка во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Муртино, второто место Меланија Спасова од истото училиште и третото место го освои Верица Спасковска од основното општинско училиште „Сандо Масев“ од Струмица. Првонаградената Елисавета Ристова ќе учествува на републичкиот натпревар кој на 30 октомври ќе се одржи во Кочани.

Напишете коментар