Промоција на граѓанскиот буџет на Општина Струмица за 2017 г.

На 26 април 2017 г. (среда) со почеток во 12 часот во салата на Советот на општина Струмица во Дом на АРМ – Струмица се одржа промоција на Граѓанскиот буџет на Општина Струмица за 2017 г. во соработка со Општина Струмица. Со овој граѓански буџет ќе се зголеми свесноста на Општина Струмица за нејзината обврска за транспарентно презентирање на информациите поврзани со Буџетот и информирање на граѓаните на прилагоден, едноставен и достапен начин. На настанот свое обраќање имаше в.д. Градоначалникот на општина Струмица г-н Костадин Костадинов, а Граѓанскиот буџет го промовираше координаторот на проекти во Центарот на заедницата на општина Струмица Горан Сачевски. Настанот го модерираше Танкица Таукова, исто така координатор на проекти во Центарот на заедницата на општина Струмица. На настанот присуствуваа 58 граѓани, меѓу кои раководители на сектори и одделенија во Општина Струмица, членови на Советот на општина Струмица, претставници од јавните институции, претставници од граѓанскиот сектор, директори на средни и основни училишта, претседатели на месни и урбани заедници, претставници од медиумите и други граѓани. Граѓаните имаа можност да се запознаат со содржината и целта на Граѓанскиот буџет, изработен да ги информира за тоа кои се приоритетите на Општината за кои ќе се трошат нивните пари, како и да добијат примерок од подготвените материјали на кои е претставен Граѓанскиот буџет (флаер, нотес и тефтер).

Напишете коментар