Општина Василево денес асфалтираше улица во с. Василево

Патната инфраструктура во населеното место Василево збогатена со уште една новоасфалтирана улица. Општината денес ја асфилтареше улицата од центарот на населеното место до индустрискта зона Василево чија должина е околу 660 метри и ширина 5 (пет) метри. По должината на улицата изграден е тротоар со кој се створени услови и за непречено движење на пешаците. Составен дел на оваа улица е и атмосферска канализација по целата должина, која ќе ги прифаќа атмосферските води со што ќе биде спреќено поплавување на дворовите, куќите како и на обработливите површини кои се наоѓаат на овој простор. На денешното асфалтирање присауствуваше и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.

„Сведоци сме на завршување на уште еден ветен проект на граѓаните на општина Василево. Се работи за улица за поврзување од центарот на с. Василево до хотелот Мис Стон. Значењето на оваа улица е од повеќе аспекти. Еден од аспектите е и тоа што целиот овој дел е урбанизиран што значи веќе е претворен во градежно земјиште во приватна сопственост. Ова значи дека сите иматели на парцели во овој дел можат да градат домови или стопански објекти, бидејќи еден дел е за индустриска зона“ изјави градоначалникот Стојанов.

Средствата за оваа улица се грант обезбеден од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови а се администрираат според правилата за Светска банка. Општина Василево обезбеди вкупно околу 11,5 милиони денари, и со овие средства освен оваа асфалтарина е и една улица во с. Владевци.

Изведувач на градежните работи е градежната компанија Гранит.

Напишете коментар