Пролетна Офанзива

Денес на спомен обележјето во Општина Ново Село, во близина на Ново Коњарево во чест на Пролетната офанзива која траела од 24ти април до 19ти jуни 1944 година, со пригодна свеченост се одбележи 73 годишнина. По овој повод цвеќе положија: Делегација од општина Ново Село на чело со градоначалникот г-дин Блажо Велков, Здружението на пензионери од општина Ново Село, ОУ Мануш Турновски, а најмладите – учениците од ОУ Мануш Турновски положија цвеке и изведоа пригодна програма.

Напишете коментар