Интервју со Драган Јованов, најперспективниот млад научник и фитотерапевт

Господине Јованов, имаме огромна чест да ве претставиме пред читателите на Струмица Портал..
СП- За почеток кој е Драган Јованов, најмладиот фитотерпевт во Македонија ?

Д.Ј – Драган Јованов е човек кој ги истражува растенијата научно, кој е добитик на признание две години по ред на Европски мултидисциплинарен конгрес за најдобар млад научник, ја сака природата, кој преку дарот од природата им помага на луѓето за подобрување на нивната здравствена состојба.

СП- Што беше пресуден фактор да се занимавате со фитомедицината и што всушност претставува фитомедицината ?

Д.Ј- Уште од студентските денови се посветив на растенијата, почвите и водите, екологијата, земјоделството и храната од таму почнав да се усовршувам преку природните науки, но пресуден фактор за да се занимавам со фитомедицината беше смртта на мојата мајка, на која класичната медицина не и помгна. Така почнав научно да ги истражувам растенијата за како јас можам да им помогнам на луѓето. Фитомедицната представува наука која се занимава со проучување на лековитите растенија нивна заштита и лекување на база на лековити растенија, масла, тинктури, инфузи и др.

СП- Присуствувате на многу семинари и обуки надвор од нашата држава каде гордо не претставувате…до каде е нашата држава до прифакањето и примената на фитомедицината ?
Д.Ј- Кај нас во Република Македонија фитомедицината ја споредуваат со алтернативната медицина, затоа и прифаќањето и примената не е во преголем замав, но сум задоволен полека правам терен за науката – фитомедицината. Има разлика Фитомедицината се поучуваат лековитите растенија научно, за разлика од алтернативната медицина на база на кажување од нашите предци.

СП Колку нашата држава е богата со лековити билки и дали мислете дека доволно се искористени овие да ги наречеме природни ресурси кои живот значат ?
Д.Ј- Република Македонија располага со околу 4 илјади лековити растенија, меѓутоа не се користат правилно и не се чува природното богатство во Македонија. Причина е неправилно корнење или собирање на растенијата без да се остави 20 % од површината каде што се растенијата за да има понатамошна репродукција.

СП- Доста често ги посетувате училиштата и градинките каде најмладите им ја преставувате примената на здравата исхрана, колку младите се запознаени со здравата исхрана и дали ја применуваат ?
Д.Ј Јас сум премногу изненаден последно работев на проект со основните училишта во град Скопје, каде што бев позитивно изненаден колку дечињата од 2 до 6 одделение се запознаети со здравиот начин на исхрана и со употребата на чаевите. Се буди свеста за здравиот начин на живот и кај децата и кај родителите..

СП- На крај ваш совет за престојниот летен период која билка да ја користиме за природно освежување и подигање на енергијата на нашиот организам ?
Д.Ј- Чајот од роибос или зелениот чај е добар за престојниот летен период е добар за природно освежување и за енергија во текот на целиот ден.
Господине Јованов, ви благодариме на интервјуто ….

Напишете коментар